За нас
„Пламтекс“ е семејна компанија со долгогодишна традиција на доверба. Лидер е во производство на калапи со високи перформанси во било каква форма (тип) и во изработка на секакви видови пластични производи.
„Пламтекс“ е компанија со седиште во Скопје, Македонија, и е со 30 годишно искуство на пазарот. По иницијатива на Владимир Алексовски основана е во 1988 година, кога започнува со производство на пластични производи за потребите на фабриката за автобуси ФАС 11 Октомври. Од самите почетоци компанијата постепено расте, се развива и го проширува својот асортиман на производи, оправдувајќи ја довербата на своите клиенти.
Во последните 20 години „Пламтекс“ е целосно специјализирана за производство и изработка на калапи со високи перформанси во било каква форма и тип. Со тоа постигнува лидерска позиција во изработка и производство на пластични производи, од изработка и производство на еднократни делови до производство на најразлични видови и форми на производи во неограничени количини.
EN ISO 9001:2008 сертификат за „Пламтекс“
„Пламтекс“ доживува преродба со системот за управување со квалитет. Како резултат на континуираната посветеност во обезбедување на технички ткаенини со највисок квалитет, „Пламтекс" се здобива со сертификат ISO 9001:2008 за својот систем за управување со квалитет.
ISO 9001 е меѓународен стандард кој ги специфицира барањата за систем за управување со квалитет (QMS) и го користат компании од сите големини и од сите сектори на бизнисот. Стандардот ИСО 9001 е создаден да овозможи производите и услугите на една компанија постојано да ги задоволуваат барањата на клиентите и да ѝ обезбеди на компанијата континуирано унапредување на системот за управување со квалитет.
„Од изработка и производство на еднократни делови - до производство на најразлични видови и форми на производи во неограничени количини.“
Пламтекс - Совршени производи од пластика
Во „Пламтекс“ желбите на клиентите ни се секогаш на прво место, за секоја Ваша замисла и идеја за некој производ ние нудиме решение. Располагаме со широка палета на машини: машини за инјектирање, машини за дување и екструдер за производство на цевки, со што се овозможува квалитетно и ефикасно производство кое е поединечно прилагодено на секое Ваше барање.
„Пламтекс“ е секогаш во чекор со иновациите. Ние ги набљудуваме барањата на пазарот, ги слушаме потребите на клиентите и ги имплементираме најсовремените технологии во работењето.
Задоволните клиенти, континуитетот во работата, перманентниот развој и следењето на иновациите во технологијата се доказ за нашиот успех. Нашиот напредок произлегува од нашето знаење, искуство и квалитетна услуга.
„Пламтекс“ се стреми кон создавање на здрави и чесни деловни пријателства, а нашата мисија е нивно континуирано одржување. Позитивниот фидбек кој го добиваме од нашите клиенти нудејќи им ја целосната палета на производи е тоа што ни го трасира патот и нè води напред.
Нашата визија е да бидеме препознатливи по високиот професионализам, врвниот квалитет и беспрекорноста во работењето. Сертификатите и пофалбите се само доказ дека сме на вистинскиот пат.
Да создадеме континуиран и одржлив развој во бизнисот. Нашата најголема и примарна цел е да се позиционираме како лидери во производство на висококвалитетни пластични производи не само во Македонија, туку и во регионот.
Референтна листа